Се е исто само се разликуваат потписниците
Објавено во: Колумни 28 Април, 2018
Финансиската поддршка на
Македонското земјоделство последните пет години се движи околу 6,2
милијарди денари. Поделени се мислењата кај стручната јавност дека земјоделството
не остварува соодветни резултати на оваа релативно висока поддршка, а како причина
се наведува лоша аграрна политика. Денешната власт, до вчера силно го напаѓаше
трошењето за срествата за директна поддршка на земјоделството особено во однос
на структурата и висината на средствата. Затоа е важно да се види (таб.1) каква
висина и структура на програмата за финансиска поддршка се планира на
земјоделството во 2018 година.
Таб.1.Споредба на износите за финансиска подршка на земјоделството помеѓу 2017 и 2018 година во 000 денари
Мерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства |
2017 |
2018 |
Директни плаќања за растително производство |
2000.000 |
1.500.000 |
Директна поддршка за сточарско производство |
1.181.000 |
1.100.000 |
Вкупно средства за директна поддршка |
3.181.000 |
2.600.000 |
Помош во премии за осигурување |
70.000 |
70.000 |
Помош за заштита на земојделско земјиште |
2.000 |
1.000 |
Помош за оделни категории, носители на земјодел. стопанства |
10.000 |
10.000 |
Помош во сточарски сектор |
12.000 |
12.000 |
Помош за загуби од природни непогоди и неповолна клима за 2016г. |
50.000 |
50.000 |
Дополнителна помош за горната цел во 2016 год. |
50.000 |
50.000 |
Материјални трошоци за спроведување на програмата |
15.000 |
15.000 |
Заостанати обврски од програмите од претходни години |
2.727.857 |
3.301.500 |
Помош за загуби од природ. непогоди и климатски промени во 2017г |
/ |
50.000 |
Дополнителна помош за горната цел за 2017 год. |
/ |
50.000 |
Финансиска поддршка за складирање на пченица во 2018 год. |
/ |
1.000 |
Вкупно |
6.117.857 |
6.210.500 |
Интересно е дека висината на финансиските средства е зголемена во 2018 година во однос на 2017 година за 92,6 милион денари (1,5 милион евра) и со нешто понеповолна структура на планирање срества, што не е во согласност со популистичките ветувања на денешната гарнитура на власта. Лошата и неповолна структура на годишните финансиски средства за поддршка на земјоделството започна уште во 2016 година, кога се влошија последните три години. Додека претходните две години (од последните пет) во 2014 и во 2015 над 82% од годишната сума на поддршка се планирани за директна поддршка (на растителни и сточарски производи), во 2016 се планирани 47,6%, во 2017-52,0% и во 2018-41,8%. Притоа се применува системот за директна поддршка да се исплаќа во три години, односно под 50% (во 2018 год.53,2%) се планирани средства, “Заостанати обврски од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од претходни години” – 3.301 милијарди денари. Во програмаta не се предвидени средства за исплата во 2019 година, меѓутоа во глава XV од програмата се планира за 22 броја “подмерки” рок за исплата да биде во 2019 година.
Покрај аномалијата, земјоделците за тековното производство да добиваат средства во три години, и дел од тие средства наменети за поддршка на земјоделството да се исплаќаат средства за обештетување како резултат на штета во земјоделството што е должност на осигурителни компании односно други средства, а не да се намалува поддршката на земјоделството. Оваа пракса започна во 2016 година, кога за “ Помош на загуби од природни непогоди” во 2015 година се одлеале 100 милиони денари плус 70 милиони денари за учество во осигурителни полиси. Во 2017 година за помош на загуби од невреме во 2016 година исто така се пренаменети истите суми, додека за 2018 година се планирани 200 милиони денари за штети во 2016 и 2017 година, плус 70 милиони денари за учество во осигурителни полиси. Ваква пракса покажува драстично опаѓање на бројот на земјоделци кои го осигуруваат производството, бидејќи штетите ги санира Агенцијата за поддршка на земјоделството и рурален развој, по налог на Извршната власт.
Дека денешната власт не внесува никакви промени во однос на политиките во земјоделството не е само иста висина на обемот и структурата на планираните средства за спроведување на аграрната политика (таб.1) туку и меркит се исти или некои полоши, како на пример: за растително производство во 2018 година се планирани 500 милиони денари помалку во однос на 2017 година, и наместо да ги зголеми планираните средства за сточарство (кое покажува повеќе години трендови на стагнација), средствата за сточарство исто така се намалени од 1,181 милијарда денари на 1,100 милијарда денари.
Дека “Програмата” за 2018 година е препишана од истата за во 2017 година, покажува употребата на нестручен израз , “Земјоделска обработлива површина” што укажува на незнаење дека обработливата површина е дел од земјоделската, како што се и ливадите, лозјата итн.
Што се однесува до подмерките во растително произодство, тие се по околу 20 на број (во двете Програми), но е истоветна и подмерката со која во земја која не може да обезбеди деоволно лебно жито и добиточна храна се стимулира со државни средства да се пренаменат површините под жита во површини за овошни и лозови насади, како и градинарски култури. Ваква ориентација е апсолутно погрешна, бидејќи во споредба со производството на жита, овоштарството има хиперпродукција на некои видови овошје (јаболка) со отежната реализација, грозјето во овие улсови на земјоделците претставува проблем со исплатите, а градинарските култури (зеленчук) често остануваат на нива. Ваква штетна преорентација на асортиманот со помош на државни средства се прави кога во Македонија со тие пак и со повеќе средства треба да се стимулира ангажирање на овошни и лозови насади на необработени ораници кои се движат од 130 до 140 илјади ха.
Покрај оваа неразбирлива подмерка во растителното производство е направена сериозна разлика помеѓу нашето и Европското земјоделство, кога покрај директната поддршка на поедини производства по површина, претходната Влада воведе дополнителна поддршка по киограм предадено производство со што се попречува слободното формирање на цените, се прелеваат срествата од Програмата за земјоделското производство кај прехрамбената индустрија, а притоа земјоделците немаат полза, бидејќи секојпат откупувачите ја намалуваат откупната цена за износите на средства кои земјоделецот ги добива по единица производство. Истото се однесува и кај подмерката во сточарството за предадено млеко. Не е јасно зошто во подмерките за растителното производство директно се поддржуваат производи кои веќе ги нема на нашите ниви, како што се шеќерната репка, и памук или ги има на сосема ограничени површини, потоа. Зошто се поддржуваат производства како што се хмељ, леќа, кикирики, кои немаат економско значење, немаат количини за статистичко регистрирање. Чудно е зошто дополнително се поддржува со финансиски средства производството на афион, зошто дополнително се поддржува оризопроизводство, кое на производителите создава проблем кај реализацијата. Треба да се стимулира промена на оризиштата во овошни насади, во интензивно производство на добиточна храна, бидејќи во глобални рамки оризиштата треба да се ограничуваат. Еден хектар под ориз троши 15 до 20 пати повеќе вода отколку еден хектар интензивен овоштарник.
Македонија има само 0,23 ха обработлива површина по жител и увоз на храна за 633 милиони долари годишно, а поддржува на нивите да се одгледуваат шумски садници и шумски дрвја (пауловина, пинус, тука и др. - апсолутно неразумно ако не се однесува на подигање на необработени ораници.
Кај поддршката во сточарството не е јасно какво економско значење има одгледувањето на ноеви, полжави, биволи и овчарски кучиња. И покрај релативно малите финансиски средства за поддршка на сточарството дел од истите се трошат за апсолутно неважни производства.
Интересно е како новата власт без никаква анализа за досегашниот систем на поддршка на земјоделството, а кој сериозно го напаѓаше, го прифати комплетно со голем број недостататоци и нерационално трошење на средства, и покрај тоа што има сериозни негативни трендови во развој на земјоделството и што генерално концептот отстапува од концептот на ЕУ за директна поддршка на земјоделското производство по единица капацитет.
Значи, содржините на програмите за 2017 и 2018 година се исти, само што ги потпишале ( со одобрение на Владата) различни функциониери - ( со одобрение на Владата) и тоа Никола Тодоровски (заменик претседател на Влада) и Зоран Заев, (претседател на Влада).
Проф Д.р Борис Анакиев