12 Јануари, 2025
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството не дало амин за условен отпуст за Мијалков

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИЗЛЕЗЕ СО СООПШТЕНИЕ ЗА МИЈАЛКОВ

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот.

Велат дека надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. 

„По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2 април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст. 

ЗНАМ РЕАГИРА ДЕКА ИЛИРЕ ДАУТИ СЕПАК ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕНА ОД КОМИСИЈАТА

За Движењето ЗНАМ, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието. 

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, Илире Даути.

„Од вчерашната седница на Собранието на која беше изгласана интерпелацијата за  Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието. Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“, велат од ЗНАМ.

СОБИР ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА ЗА ПОДДРШКА НА ВУЧИЌ

Граѓани денеска се собраа пред амбасадата на Србија да дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тие укажаа дека Србија често помагаше на Македонија. 

„На овој мирен собир сакаме да испратиме порака до сите мирољубиви луѓе дека никој и ништо не може да ги наруши меѓународните добрососедски и братски односи помеѓу нас Македонците и Србите“, изјави Маја Денковска, претседателка на Здружението „Мир, слога, стабилност“.

Таа потсети и на поддршката во екот на пандемијата кога Македонија доби вакцини од Србија и кога нашите сограѓани можеа да се вакцинираат во ова држава, без притоа со ништо да не бидеме условувани.

ВОЗДУХОТ ДЕНЕСКА Е ПОЧИСТ, НО СДСМ БАРА ВЛАСТА ДА ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ

СДСМ инсистира власта да ги спроведе нивните предлог мерки за намалување на аерозагадувањето.

Од партијата денеска го надополнија списокот со предлози за локална и централна власт. СДСМ бара општините да донесат програми за субвенционирање за набавка на еколошко греење во јавни објекти, субвенции за купување велосипеди, субвенции за чистење оџаци, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, климатизери инвертер и други чисти технологии. Обезбедување и инсталирање на прочистувачи на воздух во сите општински градинки и училишта.

Можеби ќе ве интересира

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

ЗА МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО: Извршени се дополнителни испитувања

СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИ, КЛИМАТИЗЕРИ: СДСМ бара власта да преземе мерки против аерозагадувањето

СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИ, КЛИМАТИЗЕРИ: СДСМ бара власта да преземе мерки против аерозагадувањето

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24