КУЌА ВРЕДНА 9 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОСТАНА НЕДОПРЕНА ВО ПОЖАРИТЕ: Сопственикот објасни на кој начин е изградена
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2025
Куќа вредна 9 милиони долари остана недопрена во огромените пожари што ги зафатиле околните вили во Малибу.
Нејзиниот сопственик се зачудил кога дознал дека неговата куќа го „преживеала“ пожарот.
„На чудата им нема крај. Ова е чудо“, изјавил за “New York Post“ Дејвид Стејнер, пензиониран директор на центар за управување со отпад.
Тие не биле во вилата во моментот на пожарот. Стејнер објасни дека неговиот имот е изграден да биде отпорен на пожари и да може да издржи земјотреси. Токму поради фактот што вилата е изградена за да биде исклучително безбедна, се верува дека го преживеала пожарот.
„Изградена е од гипс и камен со огноотпорен покрив. Темелите на зградата се наоѓаат на 15 метри под земјата за да може да ги издржи моќните бранови што удираат веднаш под неа“, открил сопственикот.
Во пожарите загинаа 11 луѓе. Можно е оваа бројка да расте.