СИЛЕН МРАЗ ОД УТРЕ, ЌЕ БИДЕ И ПОД -15, И СКОПЈЕ Е ПОД СНЕГ: Стигна вистинската зима
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2025 07:42
Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2), информира Управата за хидрометеорологија.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголемува (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Метеопрогнозерот, пак, Славчо Попоски најавува силен мраз цела наредна недела со температури кои ќе се спуштат и под -15 степени.
фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKIМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




