Се крчкаат повисоки концесии за рудниците
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2019
Владата бара рудниците да плаќаат за 75% поголеми концесии а извесно е дека се крчка и нов тарифник кој најверојатно ќе се стави во примена од следната година.
Концесионерите не се бунуваат но велат дека предложеното зголемување е превисоко.
Првиот човек на Македонска асоцијација за рударство Николајчо Николов смета дека е многу првичниот предлог на Владата да изнесува 3,5%.
-Сите концесионери во принцип се залагаме дека треба соодветно да плаќаме за она што го користиме како добро од земјата, но бараме начин како тоа да биде поправично распоредено и сите да плаќаат согласно со тоа што го добиваат-вели Николов, кој посочува дека рудниците треба да плаќаат соодветно на богатството на рудата што ја експлоатираат.
Од друга страна пак министерот Крешник Бектеши смета дека тоа покачување е малку и дека анализите покажале дека треба да се донесе нов тарифник кој ќе биде согласно европските трендови и сличен на соседните земји.