Се очекува бомба од новозаразени, па дури потоа бројот да се намалува
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2020
Од Комисијата за заразни болести очекуваат да има вистинска
бомба од новозаразени случаи, па дури потоа да паѓа епидемиолошкта крива. За
Фактор велат, дека се додека не се случи огромен број на инфицирани со корона
вирусот, не може да се очекува ниту негово опаѓање.
Во текот на утрешниот ден, на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе присуствуваат и градоначалниците, а ќе се обрати и амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнс. Пред се заради огромните бројки на новозаразени и починати во континуитет во последниве две недели ќе им се порача на локалните власти многу поактивно да се вклучат во борбата против корона вирусот.
Во моментов, сите болнички капацитети кои се наменети за третман на пациентите со Ковид-19 се преполни, заради што во функција е ставена и монтажната клиника која директно преку сув тунел е поврзана со Клиниката за инфективни болести. Информираат дека таа е целосно подготвена, и се зајакнува со медицински кадар. Во Инфективната клиника пристига медицински кадар од болниците од останатите градови во земјава.
Инаку, Општата болница од Тетово од завчера почна да функционира како Ковид центар за пациентите од тетовско-полошкиот регион, што според Комисијата за заразни болести е големо растоварување за одделенијата на ГОБ „8 Септември“, како и за Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Во меѓувреме, Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус КОВИД-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест КОВИД-19.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.