Се осветлува автопатот од Гевгелија до граничниот премин Богородица
Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2013
Започна реализацијата на проектот кој ќе обезбеди целосно осветлување на сите патни клучки кои Гевгелија ги има со автопатот Е-75 и со регионалните патишта.
Општинските власти информираат дека проектот ќе обезбеди осветлување на целата автопатна делница од Гевгелија до граничниот премин „Богородица“, почнувајќи од исклучувањето и вклучувањето во градот, како и осветлување на излезниот дел од регионалниот пат кој води кон Богданци и Дојран.
Финансиски проектот е поддржан од Јавното претпријатие за магистрални и регионални патишта.