06 Декември, 2025
0.0252

СЕ ОТКАЖАЛА ОД ПЛАТАTA ОД 7.000 ЕВРА: Се отселила на остров и посреќна е од било кога

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2018 15:30

Добивај вести на Viber

Ноел Ханкок решила од корен да го менува својот живот, и да се пресели од Њујорк на островот Свети Џон на Карибите, пишува српски Курир. 

Успешната кариера со која имала 95.000 долари годишно, ја заменила со продавање сладолед за 10 долари по час. 

Пред четири години решила да ја остави новинарската кариера и да се пресели на остров. 

Го продала својот имот за да купи авионски билет во еден правец до Карибите и почнала од почеток. 

„Бев под стрес, немав инспирација и ми требаше одмор“, вели таа. 

За Карибите вели дека често мислела на нив, но не дошол момент да отиде таму. 

Родителите и пријателите не биле воодушевени од оваа одлука. 

Вели дека животот на Карибите ја натерал животот да го гледа со други очи. 

Прво продавала сладолед, а потоа станала хостеса. 

Сега работи како келнерка, и е среќна затоа што така запознава многу луѓе. 

Раскажува дека не би се вратила во Њујорк и покрај она што го има таму, затоа што ќе биде под стрес и затоа што се живее брзо. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: