Се повеќе туристи ја посетуваат Македонија
![](/media/main/2013/07/turizam-1.jpg)
Објавено во: Економија 11 Јануари, 2014
Министерот за економија Ваљон Сарачини за 2014 година најави амбициозна програма за промоција на Република Македонија во светот.
- Ова е досега најамбициозната програма донесена од Владата на Република Македонија. Износот на субвенции за 2014 година изнесува 155 милиони денари, што е речиси двојно повеќе од 2013 година, потенцира Сарачини.
Македонија ќе биде претставена во повеќе од 15 светски дестинации. Ќе се организираат и т.н. роуд шоуа само во делот на туризмот каде ќе има средби со туроператори, туристички агенции и работници во областа на туризмот. На средбите ќе бидат претставени можностите за привлекување туристи и можностите за инвестирање во туристичките развојни зони во Република Македонија.
Веќе наредната недела земјава како туристичка дестинација ќе се промовира на саемите во Утрехт и Виена, а следат и Брисел, Милано, Москва, Лондон, Токио и други. Дополнително, на граничните премини ќе се делат информативни туристички флаери на транзитните патници, а со 200 илјади долари ќе се обучуваат и едуцираат туристичките работници. Сите овие активности треба да придонесат за континуиран раст на бројот на туристи, а туризмот да стане значаен дел од економијата кој ќе учествува со 5% во брутодомашниот производ.Можеби ќе ве интересира
ИНДИЈА САКА ДА ОБЕЗБЕДИ УРАНИУМ ОД РУСИЈА: Дали е на повидок договор?
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708210745.jpg)
СЕ НАМАЛИ ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО: Изборите во Франција „удрија“ по валутата
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708171117.jpg)
ВО ПЕТОК: Поделба на обичните акции на Реплек, на еден ден ќе се стопира и тргувањето на берзата
![](/media/main/250x170/2024/06/20240617154727.jpg)
НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КУЌИТЕ ВО ПОЛСКА: Каде најмногу поевтиниле?
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708154323.jpg)
ПО НЕОЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА НА ЛЕВИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ: Пад на француските берзански индекси
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708142602.jpg)
ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708132227.jpg)
ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708103920.jpg)