Се празнува Свети Кирил и Методиј
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2020
Денеска се празнуваат Св. Кирил и Методиј.
Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане монах се викаше Константин ги помина сите степени на тогашната наука. Брат му, пак, беше повеќе години управник на една област во струмичко. Двајцата имаа неколку мисии, што се опишани во Панонски легенди, двајцата беа монаси и двајцата се упокоија надвор од своето родно место, имајќи го целиот свет за свој дом, за мисионерско поле. За Словените се важни не само затоа што им ја дадоа азбуката, туку и затоа што ги доведоа пред вратите на вистинската просвета, т.е. пред Христа (во црковнот речник крштението најчесто се нарекува просветување).
По повод големиот црковно-државен празник свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Aрхиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството и монаштвото и до граѓаните од православна вероисповед.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.