18 Мај, 2024
0.0309

СЕ ПРЕДОМИСЛИЛЕ: Рекорден број мигранти се откажале од азил во Шведска

Објавено во: Свет 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Рекордни 4542 мигранти ги повлекле молбите за азил и ја напуштиле Шведска во првите осум месеци од 2016 година. Долгите процедури за обработка на документи, новите строги шведски закони за прием на семејствата на бегалците, како и одредбите според кои на секој мигрант кој се врати доброволно во татковината ќе му биде доделена сума пари се причина за одлив на мигрантите.

Во исто време земјата забележала на половина нови барања за азил во споредба со периодот јануари-август минатата година, пишува британскиот весник „Independent“.

Во 2014 година и 2015 година Шведска стана една од најпопуларните држави од Европа за мигранти, а на крајот на минатата година новите барања за азил достигнаа до 160 000. Во 2015 година исто така е забележан и рекордно висок процент на одобрени барања - 55% од сите поднесени апликации.

Во исто време низок останува и бројот на мигранти, кои успеале да најдат работа - помалку од 500 од 160 000 се регистрирани дека работат. Од почетокот на 2016 година Владата во Стокхолм воведува нови правила за ограничување на бројот новодојдените кои вклучуваат построги контроли на границите и ограничувања за прифаќања на семејства на бегалци. Во исто време отпаѓа обврската за обезбедување на живеалиште за мигрантите кои не добиле статус на бегалци, а исто се продолжува и времето за задржување на новодојденците.

Дополнително, се повеќе мигранти имаат корист од владина шема која е во сила од 2013 година во земјата. Според неа секој мигрант кој доброволно се врати во татковината, може да добие сума од 30 000 круни (3.500 долари). За семејства износот може да достигне до 75 000 круни (9.000 долари).

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата