17 Мај, 2024
0.0316

Се проблематизира учеството на Македонија во Јужен поток

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија може да остане надвор од мега гасоводниот проект „Јужен поток“, тврдат за Фактор доброупатени извори. Сега откако од игра излезе Грција тешко дека ќе може да се очекува крак за Македонија, пред се заради неисплатливоста.   Македонија тешко ќе успее да фати приклучок кон Јужен поток, велат извори за Фактор. Причините ги лоцираат кај Грција. Откако рускиот гигант Газпром соопшти дека Грција не е веќе дел од плановите за изградба на гасоводот „Јужен поток“, упатените сметаат дека кракот за Македонија е неизвесен. Грција е најкратката дестинација до земјава, и секоја друга варијанта ќе биде недоволно исплатлива. Претставниците на „Газпром“ на прес-конференција во Москва неодамна соопштија дека одлуката Грција да не биде дел од Јужен поток е донесена поради тоа што побарувачката на грчкиот пазар не можела да ги покрие трошоците за инвестицијата. Бугарија или Србија - алтернатива за крак кон Македонија Сепак конечна одлука сеуште нема и се уште постои, каква таква, шанса кон земјава да биде пуштен крак или од Бугарија или од Србија. Но, сепак клучен проблем барем засега е неисплатливоста, затоа што Македонија е мал потрошувач на гас. Ако останеше во игра Грција кракот од таму ќе се пуштеше до Гевгелија (околу 30-тина километри), сега можно е крак да се пушти или од Бугарија или од Србија, но поголемото растојание го прави неисплатлив целиот овој проект, барем кога е во прашање Македонија. Извори за Фактор велат дека можно е да се бара решение и преку затворање на клириншкиот долг, прашање кое единствено Македонија од поранешните СФРЈ држави сеуште го нема затворено. Македонските власти најавија конечен одговор за крајот на месецов Министерот за финансии, Зоран Ставрески кон крајот на 2012 година истакна дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон гасоводот Јужен поток од руска страна и оти до крајот на јануари треба да добиеме конечен одговор. „Разгледувањето е во завршна фаза од страна на руската влада и очекуваме до крајот на јануари да добиме повратен одговор дека спогодбата е прифатлива и да ја потпишеме. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности како што се формирање заедничко претпријатие, изградбата на кракот кон Македонија“, изјави на 12-ти декември министерот за финансии, Зоран Ставрески. Хрватска денес потпишува меморандум со Газпром за Јужен поток Денес во Загреб треба да биде потпишан Меморандум за изградба на хрватскиот дел од мега гасоводниот проект Јужен Поток. Меморандумот според најавите ќе го потпишат првиот човек на хрватската гасна компанија Плинакро, Младен Антуновиќ и шефот на руски Газпром, Алексеј Милер. Се работи за двосмерен гасовод кој ќе ги поврзува Хрватска и Србија на релација Сотин – Бачко Ново Село и ќе овозможи трансфер на 2,7 милијарди нормални метри кубни гас годишно помеѓу двете држави. Плинакро ќе биде задолжена за изградбата на двоводниот гасовод од Сотин до Слободанице, каде ќе биде спојот на националниот гасовод. Гасоводот е долг 100 километри, а инвестицијата е вредна 60 милиони евра. Половина од парите ќе даде хрватски Плинакро, а другата половина ќе ја финасисра Газпром. Откако гасоводот ќе биде изграден, Газпром Експорт ќе го закупи целиот негов капацитет. За аналитичарите од оваа зделка може да се заклучи дека руската компанија има сериозни планови на хрватскиот пазар, како и тоа дека целиот овој проект е важен за Хрватска. Америка и Русија во тивка војна за влијателност врз Балканот Доброупатени во проблематиката сепак сметаат дека зад исклучувањето на Грција од Јужен поток огромно влијание одиграла политиката. Имено, САД кои не се баш наклонети кон овој руски проект децидно и ставиле до знаење на Грција дека не е добро да бидат дел од овој проект. Идентични пораки на ова тема беа испратени и до Македонија. Американскиот помошник државен секетар за европски прашања Филип Гордон уште во ноември лани реагираше на најавата на рускиот гигант Газпром за почеток на изградбата на гасоводот Јужен поток, со кој рускиот гас, преку балканските земји, ќе се пренесува до западноевропскиот пазар. Гордон ги предупреди балканските земји дека не треба да бидат зависни само од еден снабдувач за своите енергетски потреби. „Многу сме јасни дека еден од приоритетите е јужниот коридор и разновидноста во енергетското снабдување на Балканот и средна и источна Европа. Земјите кои за своето енергетско снабдување се зависни од само еден снабдувач, се и политички зависни. Затоа има голем економски, политички и срратегиски интерес да имаме разновидност во енергетското снабдување. Ние не сакаме да бираме и промовираме гасоводи, туку да промовирале разновидност во снабдувањето“, изјави Гордон. Изградбата на Јужен поток започна Инаку, изградбата на гасоводот започна на седми декември. За изградбата на гасоводот се вложуваат околу 16 милијарди евра, а според планот, во употреба ќе биде пуштен до крајот на 2015 година. Гасоводот ќе поминува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија. Мишко Иванов

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад