24 Ноември, 2024
0.0279

Се раѓа новиот најголем градежен пазар во светот, ѕирнете каде (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 29 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Само во 2023 година, Саудиска Арабија додели градежни договори во вредност од повеќе од 140 милијарди долари, а голем дел од тие проекти се концентрирани во Ријад.

Блумберг објави дека Саудиска Арабија е на пат да стане најголемиот градежен пазар во светот, а вкупната вредност на градежните договори се очекува да достигне 181,5 милијарди долари до крајот на 2028 година.

Тоа претставува зголемување за приближно 30 отсто во однос на нивото од 2023 година, според извештајот на консултантската група за недвижнини Најт Френк, објавена од Блумберг.

Овој раст во голема мера е резултат на амбициозната иницијатива Визија 2030, претставена од принцот Мохамед бин Салман, која има за цел да ја диверзифицира економијата зависна од нафта и да ја реформира инфраструктурата на земјата, наведува агенцијата.

Од започнувањето на иницијативата пред осум години, Кралството Саудиска Арабија започна проекти вредни повеќе од 1,250 милијарди долари. Овие проекти вклучуваат станбени згради и неколку „мегапроекти“ дизајнирани да ја трансформираат економијата и да ја прилагодат на растечката популација и очекуваниот прилив на странски туристи.

Мохамед Набил, регионален партнер и раководител на проектни и развојни услуги за Блискиот Исток и Северна Африка во Најт Френк, изјави за Блумберг: „Во моментов сме сведоци на историска трансформација во Кралството Саудиска Арабија со градежни проекти кои се извонредни во однос на скалата на нивниот дизајн и вредност“.

Само во 2023 година, Саудиска Арабија додели градежни договори во вредност од повеќе од 140 милијарди американски долари, а голем дел од овие проекти се концентрирани во Ријад.

Главниот град бележи голем развој додека се подготвува за организација на Светската изложба во 2030 година, а можеби и за Светското првенство во 2034 година.

Кралството има за цел да го зголеми населението на Ријад на 10 милиони луѓе до 2030 година, според истиот извор, што би ја зголемило побарувачката за големи инфраструктурни и станбени проекти.

Агенцијата наведува дека, иако многу најавени проекти во рамките на Визијата 2030 се уште се реализираат, со намален обем на дел од нив, темпото на нивната реализација е многу брзо како што се наближува најавениот рок до 2030 година.

Последен во низата проекти во Саудиска Арабија е Neom The Line, вреден 500 милијарди долари, вертикален Менхетен во изработка. Планирано да биде долг 170 километри, ќе се состои од две паралелни кули, секоја висока 500 метри...


Ако една слика вреди илјада зборови, тогаш видеото треба да се мери со милиони врз милиони. Неом дефинитивно верува дека е подобро да му покаже на светот доказ за својот визионерски џиновски проект и објави уште едно видео за напредокот за The Line во Саудиска Арабија. До 2030 година, според изјавата на извршниот директор, ќе биде завршена првата фаза од проектот The Line. Покрај визуелниот доказ, во воздухот се чувствува ентузијазмот на Денис Хики, главен директор за развој на The LINE. Тој изјави: „Енергијата во Саудиска Арабија во моментов е неверојатна. Направивме многу темели, буквално и метафорично. Мислам дека изградбата на проектот The Line е единствена по својата индустриска природа и модуларен пристап“.

Од 2017 година револуционерниот Neom City го привлекува вниманието на медиумите. Иако го збуни мнозинството, ги разбуди и циниците, особено кога станува збор за футуристичкиот и иновативен проект The Line. Според публикацијата Designboom, секоја недела се преместуваат милиони кубни метри земја и вода. Оваа неуморна активност ќе оформи град кој досега не бил виден, порано или подоцна.

„Сметаме дека постои можност да се создаде подобар модел за интеракција на градот со пејзажот, природата и животната средина“, додаде Хики. Линијата несомнено е водечки проект за мега-развој од 1.000 милијарди долари кој ќе биде домаќин на 9 милиони жители во свет кој е одржлив, чуден, без автомобили и полн со футуристичка технологија. Megacity The Line ќе има два облакодери долги 120 километри, дизајнирани од американското студио Morphosis. Наводно ќе има џиновска лажна месечина, аниматронски диносауруси, фармери роботи и тропски дождовни шуми. Интересно е што жителите ќе имаат пристап до сите дневни потреби на пет минути пешачење, со дополнителен брз воз. Иако првата фаза би можела, всушност, да биде завршена до 2030 година, целиот проект ќе се реализира во период од 50 години.

Мегапроектите ја трошат касата на кралството

Зад секоја амбиција стои визионер, за Неом Сити тоа беше саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој го трансформираше неговото кралство од земја богата со нафта во земја која доживува огромен раст и стана центар на луксузниот туризам. Иако има неверојатен напредок, соништата сè уште не добиле конкретна форма и често се среќаваат со цинични и сурови реалности. Екстремните и скапи проекти ја наведоа Саудиска Арабија да почне да позајмува средства за мегапроекти, вклучувајќи го и Неом, објави Волстрит журнал. Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, кој вложи огромни суми пари во овие проекти, сега се соочува со криза.

Богатството се намали на најниско ниво од декември 2020 година, со околу 15 милијарди долари на сметката, објави Журнал. За прв пат во историјата, Кралството богато со нафта позајмува средства додека истовремено продава акции во државната нафтена компанија Арамко, се вели во извештајот. Дури и министерот за финансии Мохамед Ал Џадан беше за одложување на некои проекти за да се намалат инфлаторните притисоци и да се помогне во олеснувањето на проблемите со набавките. Неом Сити очигледно не е еден од нив, бидејќи новото видео за напредок покажува дека работата е во полн ек.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него