Се разглобуваат секакви варијанти, вели Заев и се надева дека ќе има решение со Бугарија
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020 16:46
Властите во Македонија се надеваат дека ќе се постигне решение со Бугарија.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се многу далеку од договор со Бугарија.
Вели дека само треба да се има добра волја.
„Верувам дека до вториот Совет на министри на 8,9, 10 декември, кога и да биде, ќе има и средба меѓу мене и Борисов, а верувам дека и нашите работни групи кои контактираат интензивно ќе создадат услови за тоа – се развиваат идеи, се разглобуваат секакви варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата народа да се изнајде европско решение со вградени европски вредности во него“, рече Заев.
Заев рече дека не станува збор за отстапки, туку за решение од двете страни, дека има начини како да се дојде до тоа и, пред сѐ, дека му е драго што Бугарија ги признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност.
Бугарија претходно стави вето за Македонија, а даде зелено светло за старт на преговори на ЕУ со Албанија.
„Несомнено, политичката ситуација ќе има влијание на работата на Заедничката историска комисија, но, и покрај тоа, убеден сум дека таа треба да продолжи. Работите можат да се случат само преку дијалог, преку разговори“, изјави во интервју за „Слободна зона“ на телевизија „Европа“ копретседателот од страна на Република Северна Македонија професор Драги Георгиев.
Тој прецизираше дека средбата ќе биде онлајн поради пандемијата.
Можеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




