Се размислува за нова мисија на границите на Грција со Албанија и Македонија
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2015 14:01
Лидерите на ЕУ и балканските земји ќе размислат утре да го поддржат создавањето на нова операција за гранична контрола на границата на Грција со Македонија и Албанија.
Новата операција на граничната агенција на ЕУ "Фронтекс" ќе се фокусира на проверка на оние кои ја напуштаат земјата, како и на регистрацијата на бегалците и мигрантите кои се уште не се регистрирани во Грција. Истиот документ предвидува дека 400 граничари може да бидат испратени во Словенија до среда, ако земјата користи механизам на "Фронтекс" за итно испраќање на тимови.
Лидерите кои ќе се соберат во Брисел ќе треба да прифатат дека "политиката да се пропуштаат бегалците до соседна земја не е прифатливо", се вели во документот. Тој се 'уште може да биде изменет пред утрешната средба.
Целта на договорот е да се обединат силите на земјите кои се наоѓаат на патот од Западен Балкан кон Европа, за да се справи со приливот на бегалци кои се обидуваат да стигнат до побогатите земји во Северна Европа.
Портпаролот на ЕК Маргаритис Скинас истакна дека изминатите недели покажале дека проблемот не може да се реши на национално ниво и дека земјите не можат да ја префрлаат одговорноста на своите соседи. "Може да има успех само со прекуграничен европски колективен пристап заснован на соработка", рече тој.
Пред утрешната средба, денеска во бугарската престолнина се сретнаа премиерите на Бугарија, Романија и Србија, забележува Франс прес. Србија не е членка на ЕУ, но беше поканета на средбата утре, на која ќе присуствуваат и Македонија и осум земји членки - Австрија, Бугарија, Германија, Грција, Романија, Словенија, Унгарија и Хрватска. Лидерите на ЕУ и балканските земји ќе размислат утре да го поддржат создавањето на нова операција за гранична контрола на границата на Грција со Македонија и Албанија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




