Се сеќава ли некој на Субрата Рој - во Индија се уште му трае судската голгота
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020 06:50
Се сеќава ли некој на некогашната „надеж“ за македонската економија, Индиецот Субрата Рој.
Во долгата судка постапка што се води против него, тој сега тврди дека се раздолжил кон големиот број штедачи кои ги финансираа неговте компании, но така не мисли Комисијата за хартии од вредност во таа земја, која ги покрена постапките.
Претседателот на Сахара, Субрата Рој во петокот во Врховниот суд на Индија тврдеше дека е чист во поглед на обврските што од него ги бараше регулаторот на пазарот, односно дека ги исплатил парите што требаше да им ги исплати на јавните штедачи во неговата групација на компании. Комисијата за хартии од вредност, односно регулаторот, го информираше судот дека тој платил само дел од доспеаните пари, вклучително и каматата, јавува The Economist Times.
Рој пред Врховниот суд тврдеше дека ги исчистил повеќето давачки кон штедачите во неговите компнии, па побара судот да го повлече обезбедувањето што му било доделено.
Судот одби да ја смени претходната наредба за доделување на обезбедување за него, откако Комисијата за хартии од вредност, преку постариот адвокат Арвинд Датар и постојаниот советник Пратап Венугопал, се спротивстави на тоа.
Комисијата информираше дека Субрата платил само дел од доспеаните пари, вклучително и каматата. Венгупал тврдеше дека обезбедувањето не е за негова лична безбедност, туку за да се внимава на него и да се осигура дека тој ќе се појави на суд кога ќе биде побаран.
Врховниот суд го осуди Рој на затвор во 2014 година, поради тоа што неговата групација не исплатила даноци. Регулаторот бараше тој да ги исплати парите на штедачите, во две шеми на групацијата кои беа прогласени за нелегални од страна на судот во 2012 година.
Рој беше ослободен на условна казна кога мајка му почина две години подоцна.
Комисијата се изјасни дека вкупната главница со камата сега преминала 70.000 РС, со 15 отсто камата за главната сума. Рој досега платил само 15.000 рупии, рекоа од Комисијата. Субрата Рој, од своја страна, тврдеше дека на своите штедачи им платил голем дел од давачките во готово. Тој исто така побара пребројување на своите обврски.
Високиот адвокат на Комисијата, Датар, претходно изјави дека регулаторот би ги прифатил неговите барања за плаќање во готово, ако може да покаже документи за прилив на средства.
Сето ова ќе бара детално сослушување. Додека тоа не се случи, Роја вели дека неговата групација нема да плаќа повеќе пари.
Субрата Рој беше најавуван како голем инвестициски гуру во „златните“ години од владеењето на Никола Груевски, со чие име беа најавувани стотици милиони долари инвестиции, поради што и тогашниот министр за финансии Зоран Ставрески беше за него гостопримлив домаќин, па дури и возеше трактор со него.
Рој најави огромен туристички ресорт во Охрид и најголем земјоделски комбинат во Џумајлија, но индиските власти му ги поматија плановите.
фото The Economist Times.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




