Се шират во соседството и нудат плати од 2000 евра
Објавено во: Финансии 29 Август, 2018
Компанијата "Naton ljudski potencijali" распиша конкурс за вработувања за словенечка компанија, а платите кои се нудат се примамливи.
Се бара шеф на продажба и ИТ решенија и услуги, а нудат плата од 2000 евра.
Платен е превозот, регресот, и бонуси за празници, пишува Б92.
Oваа компанија во Словенија работи 40 години, а сега се шири и во Хрватска.
Работниците ќе можат да користат службен автомобил, но и да преговараат за подобри услови за топ кандидатите.