14 Декември, 2025
0.0417

СЕ ШТЕДИ И ЗА ЗДРАВЈЕТО: Граѓаните со денови ги носат маските за еднократна употреба

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Март, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Граѓаните  со денови ги носат маските за еднократна употреба, и признаваат дека секој ден не можат да си дозволат да купуваат нови маски. Но, со тоа се изложуваат на ризик затоа што коронавирусот не стивнува во земјава, бројките на заразени се високи, а веќе извесно време е присутен и британскиот сој.  За дел од населението и купувањето на заштитини маски е трошок. На улиците се забележува дека граѓаните најчесто носат хируршки или платнени маски, а поретко Н-95. За маските од ткаенина, се смета дека нивната ефикасност зависи од видот на употребената ткаенина и од бројот на слоевите. Светската здравствена организација препорачува три слоја. Откако се појавија повеќе соеви, сепак лидерите во Европа наложуваат да се практикува носење на маски Н-95 кои филтираат 90 отсто од честитиците.

„Често купуваме маски. Маските кои се за еднократна употреба ги носам два дена и ги фрлам затоа што се валкаат, мирисаат и не можат да се носат веќе, додека Н-95 ја носам подолго“, вели Гора Димитријевиќ, граѓанка.

Друг повозрасен граѓанин, Бедри Усеини објаснува дека маските за еднократна употреба мора често да се менуваат, но и тој практикува да ги носи по неколку дена.

„Оние кои се за еднократна употреба ги носам 3-4 дена, и потоа веќе се валкаат, по што морам да ги фрлам и да купам нови“, рече тој.

Епидемиолозите советуваат грѓаните да се придржуваат до мерките кои се пропишани од надлежните. Маските да ги менуваат колку можат почесто, а оние кои се за еднократна употреба да не ги носат подолго од предвиденото.

„Тие маски се за еднократна употреба, но знаеме каква е состојбата и какви се можностите на граѓаните. Ако користат платнени маски, да ги перат, пеглаат. Можат да купат и Н-95 маски кои ќе ги користат подолго, а доколку влегуваат во затворен простор каде може да се заразат, може да стават две маски. Важно е маската убаво да им легне на лицето, и да се носи правилно, така што носот задолжително ќе биде прекриен“, вели епидемиолог од источна Македонија.

Лекарите велат дека вирусот лани беше мистерија, а сега секојдневно научниците доаѓаат до нови откритија за неговото ширење и како да се заштитиме. Минатата година е донесена мерката за задолжително носење на маски со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Последниве недели бројот  на заразени е висок и на дневна основа имаше и над 700, 800, 900 заразени.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“