СЕ ШТЕДИ И ЗА ЗДРАВЈЕТО: Граѓаните со денови ги носат маските за еднократна употреба

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Март, 2021 07:15
Граѓаните со денови ги носат маските за еднократна употреба, и признаваат дека секој ден не можат да си дозволат да купуваат нови маски. Но, со тоа се изложуваат на ризик затоа што коронавирусот не стивнува во земјава, бројките на заразени се високи, а веќе извесно време е присутен и британскиот сој. За дел од населението и купувањето на заштитини маски е трошок. На улиците се забележува дека граѓаните најчесто носат хируршки или платнени маски, а поретко Н-95. За маските од ткаенина, се смета дека нивната ефикасност зависи од видот на употребената ткаенина и од бројот на слоевите. Светската здравствена организација препорачува три слоја. Откако се појавија повеќе соеви, сепак лидерите во Европа наложуваат да се практикува носење на маски Н-95 кои филтираат 90 отсто од честитиците.
„Често купуваме маски. Маските кои се за еднократна употреба ги носам два дена и ги фрлам затоа што се валкаат, мирисаат и не можат да се носат веќе, додека Н-95 ја носам подолго“, вели Гора Димитријевиќ, граѓанка.
Друг повозрасен граѓанин, Бедри Усеини објаснува дека маските за еднократна употреба мора често да се менуваат, но и тој практикува да ги носи по неколку дена.
„Оние кои се за еднократна употреба ги носам 3-4 дена, и потоа веќе се валкаат, по што морам да ги фрлам и да купам нови“, рече тој.
Епидемиолозите советуваат грѓаните да се придржуваат до мерките кои се пропишани од надлежните. Маските да ги менуваат колку можат почесто, а оние кои се за еднократна употреба да не ги носат подолго од предвиденото.
„Тие маски се за еднократна употреба, но знаеме каква е состојбата и какви се можностите на граѓаните. Ако користат платнени маски, да ги перат, пеглаат. Можат да купат и Н-95 маски кои ќе ги користат подолго, а доколку влегуваат во затворен простор каде може да се заразат, може да стават две маски. Важно е маската убаво да им легне на лицето, и да се носи правилно, така што носот задолжително ќе биде прекриен“, вели епидемиолог од источна Македонија.
Лекарите велат дека вирусот лани беше мистерија, а сега секојдневно научниците доаѓаат до нови откритија за неговото ширење и како да се заштитиме. Минатата година е донесена мерката за задолжително носење на маски со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Последниве недели бројот на заразени е висок и на дневна основа имаше и над 700, 800, 900 заразени.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема
ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта
„ВНИМАНИЕ! НОВА ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА!“: граѓани споделуваат важни информации за сите возачи за промени во центарот на Скопје

СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ - ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ - објавената снимка од пукањето предизвика голем револт меѓу граѓаните
