СЕ СКАРАА СОПАРТИЈЦИТЕ: Коневски поднесе тужба против Стоилковски за ширење лаги, тој врати - Мицкоски е професор и не се занимава со тебе
Објавено во: Македонија 07 Август, 2020
Се скараа сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ.
Екс градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, кој е дел од „спротивната струја“ на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ поднел тужба против партискиот портпарол Наум Стоилковски
Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, поднел тужба против портпаролот од ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, заради, како што соопшти, неговоро ширење лаги. Стоилковски, пак, веднаш реагираше дека тужбата нема основа, и дека партискиот лидер Христијан Мицкоски е професор доктор, кој нема зошто да се занимава со поранешниот татко на Аеродром.
„Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф.
Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз.
Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.
Јас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата.“, соопшти Коневски.
А денеска експретсно преку фејсбук му возврати партискиот портпарол, Наум Стоилковски.
„Пренесете му на "комшијата" Ивица Конески, чиј што демократски капацитет е блокирање на фб, дека е редно да остави коментирање. Којзнае колку деца му ангажирале да му "кречат коментари".
А тоа што ме тужи не значи и дека има основа. Сега ќе треба да ја докажува клеветата.
Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали. А заради тој успех загуби со 4.000 гласа!
Полека "Комшија", има уште!
На пример да кажеш колку ми се плеткаш низ маало?
И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски.
П.С. "Комшија" се замислил дека е достоен Проф. Д-р. Мицкоски да се занимава со него“, напиша Стоилковски на својот фејсбук профил.