Се спрема нов закон за предвремено пензионирање
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2016 18:45
Се подготвува нов закон за пензионирање во Македонија. Со него се предвидува жените да може да се пензионираат на 59, а мажите на 61 година, а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците, пишува Дневник.
Наводно, ваквите законски измени се спремаат но се чекаат дефинитивните пресметки од Фондот за пензиско за тоа колку би изнесувал надоместокот што би го плаќале работодавците.
Првично за ваквата идеја има согласност и од бизнис-заедницата и од синдикатот, а само се чека на официјалните предлог-измени во законот кои ќе ги понудат социјалните партнери до Министерството за труд.
Се чекаат пресметките од ПИОМ Организацијата на работодавци веќе испратила барање до ПИОМ да пресмета триесетина „пробни надоместоци“ за работници на оваа возраст и неделава се очекуваат повратни информации за да се стави на хартија конкретниот предлог до министерството.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




