20 Декември, 2025
0.0323

Се стега обрачот за пушачите: За недозволено пушење ќе казнуваат и полицајци и инспектори

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2013 18:59

Добивај вести на Viber

Пратениците ги изгласаа измените во законот за пушење, со што отсега казни ќе може да изрекуваат и полицајците и инспектори на УЈП, штом фатат граѓани кои пушат на недозволено место. Според опозицијата законот се спроведува селективно,а измените имаат само една цел, да го полнат испразниот буџет.Тие посочија дека измените се носат без никаква анализа, а н е изготвена ниту статистика за тоа колку лица и правни субјекти се казнети досега, колку објекти се затворени и во кои делови на земјата, но и како забраната за пушење влијае врз прометот. Од друга страна пак за минстерот за здравство,  Никола Тодоров,  помала била шансата да бидат фатени граѓани што пушат каде тоа не е дозволено, откако повеќе инспекции ќе изрекуваат санкции. „Ако има поголем број инспекции поголема е веројатноста дека граѓаните нема да бидат фатени. Автоматски помал ќе биде бројот на казните. Мислам дека нивниот број нема да се зголеми туку дека ќе остане ист. Казна се изрекува на оној што не го почитува законот. Со овој закон не се зголемуваат казните“,  истакна Тодоров кој смета дека измените ќе влеат страв кај пушачите, па ова ќе придонесе за подобро здравјето на граѓаните. Измените предвидуваат инспекциски надзор да го вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи. Државниот просветен инспекторат пак ќе може да врши инспекциски надзор во училиштата и универзитетите, научните институции, ученички и студентски домови,но и  јавни или приватни воспитно – образовни и згрижувачки установи и игротеки. Оние што ќе бидат фатени ќе бидат казнети со 150 до 300 евра.  Измените и на овој закон пратениците ги донесоа во скратена постапка.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии