СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија
Објавено во: Балкан 20 Март, 2023
На романско тло имаше земјотрес, при што се стресе и Србија.
Станува збор за земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала кој денеска ја погоди Романија. Епицентарот на потресот бил на 16,9 километри северозападно од градот Таргу Жију, на длабочина од 15 километри.
Денеска имало и неколку послаби земјотреси и тоа во Бор и Мајданпек.
И во февруари исто така земјотрес кој ја стресе Романија ја затресе и Србија.