27 Април, 2024
0.0299

Се тресеа Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел...кој падна во раце на полицијата по акцијата

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Сузбиена е криминална група а од слобода се лишени 12 лица . соопштија од министерството за надворешни работи.

Како што информираат акцијата била насочена кон лица можни членови на криминални групи кои делуваат на подрачјето на СВР Скопје, а по документирани кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста спрема службено лице“, како и сомненија за инволвираност во вршење на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

„Врз основа на судски наредби, извршени се претреси на 34 локации во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела. При претресите биле пронајдени и одземени   патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми различен калибар, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео назвор, мобилни телефони со сим картички, пари во  различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и др“, соопштија од МВР.

Од таму дополнуваат дека пред и за време на акцијата, а поради сомнение за инволвираност во наведените кривични дела од слобода се лишени лицата Ф.Л.(47) од с.Грчец, општина Сарај, М.Љ.(38) од с.Грчец, Е.П.(43) од с.Арачиново, Б.А.(34) од с.Арачиново, Ш.М.(28) од с.Арачиново, Ш.М.(34) од с.Арачиново, Ќ.Љ.(28) од с.Грчец, Н.С.(56) од с.Грчец, И.С.(29) од с.Грчец и Ј.С.(30) од с.Грчец

Исто така, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред започнување на акцијата, на 06.12.2019 во 21.20 часот на ул.„Јадранска Магистрала“ од слобода е лишено лицето И.С.(27) од с.Крушопек, за кое е утврдено дека се бара по централна потерница по член 215 од Кривичниот законик за издржување на казна затвор. 

Воедно, во текот на вечерта од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на ул.„Македонска преродба“ се пронајдени 1,5 килограми марихуана. 

Активностите на МВР во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“