Добивај вести на Viber
Четворица пилоти се полесно повредени откако денеска на скопскиот аеродромот Стенковец се урна спортски авион „Цесна 172“. Тројца од повредените се државјани на Израел, додека четвртиот е Германец. Тие од Скопје со авионот требало да заминат за Охрид, но од засега непознати причини авионот се урнал на Стенковец.
Неофицијално, падот се случил поради тоа што пилотот погрешно ја проценил висината, по што со предниот дел удрил на земјената писта. Авионот е речиси целосно уништен, а повредените се испратени на преглед во болница за да се утврди нивната здравствена состојба.