СЕ ВЕАТ РУСКИ ЗНАМИЊА: Руси се доселуваат и во Бугарија
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2024
Во јужна Бугарија забележливи се голем број Руси кои се населиле во изминатиот период од Руската Федерација, а за нивната бројност сведочат и знамињата кои висат пред куќите што ги купиле.
Во селото Војново, Димитар веќе имал можност да се сретне со Русите кои купиле куќа во неговото маало, објави Телеграф.
„Тие се патриотски Руси кои се населиле овде. Купиле куќи и се преселиле овде. Тие се мирни, но и љубопитни. Се чини дека сè уште имаат носталгија за земјата. Многу од нив дојдоа неодамна, на брегот сѐ повеќе луѓе зборуваат руски“, вели Димитар, кој не е изненаден од присуството на Русите во неговото село.
Димитар навистина не претерува. Колку повеќе одите на исток од земјата, руското присуство се зголемува.
Минатата година, рускиот генерален конзулат открил дека повеќе од 400.000 Руси поседуваат речиси 500.000 имоти во источна Бугарија.
Вредноста на имотите што Русите ги купиле во Бугарија е цели 15 милијарди евра.
Бугарија беше една од земјите кои го применуваа системот „златен пасош“ од 2013 година. Односно, странците кои инвестирале минимална сума од еден милион лева (500.000 евра) во Бугарија можеле да добијат дозвола за постојан престој, потоа државјанство, без да поминат низ покомплицираните фази на класичната процедура.
Се сомнева дека овој систем (кој постои во неколку земји од ЕУ) ја олеснил корупцијата и перењето пари, а особено го користат кинеските и руските граѓани.
Во основа, за да добие бугарски „златен пасош“, заинтересираното лице требаше да инвестира во економијата во вид на недвижен имот, бизниси или банкарски депозити.
Голем број Руси по почетокот на руската инвазија на Украина се доселија и во Србија.Foto: Shutterstock
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.