СЕ ВРЗУВА КРАЈ СО КРАЈ: Да се истурка месецот требаат 500 евра, а платите едвај 250
Објавено во: Финансии 06 Мај, 2018
За да се истурка месецот едно четири члено семејство треба да има барем 32 418,00 денари ако се водиме според последните пресметки на синдикалната кошничка.
Најмногу пари или 13.408 денари во март биле потребни за храна и пијалоци, а 8.253 денари за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 2.301 денари, а за превоз 2.349,34 денари.
677 денари граѓаните издвојувале за одржување на здравјето.
Просечно исплатена нето плата во март била 13.408 денари, а за да се преживее месецот 32 418,00 денари.
Какви се цените на пазарите?
Ако појдете на пазар веднаш во очи ќе ви паднат поскапените цени на производите споредбено со лани . Иако сумата е за 20 денари поскапа на скопските пазари, во супермаркетите е двојно поскапо.
Краставицата има најпроменлива цена која се дивжи од 50 до 60 денари по килограм а најскапи се лубениците.
Граѓаните се жалат, велат ако се види колкави се платите, цените се скапи. Пазарџиите пак обратно, велат цените не се скапи, но народот нема пари.