18 Јануари, 2025
0.0244

Се заоструваат процедурите за тендерите во здравството

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Со цел да се подобри продуктивноста во здравството и транспарентност во трошењето на парите, се забранува групирање на повеќе артикли во еден лот при јавните набавки во овој сектор, а за секој артикал од тендерот за набавка ќе мора да биде објавен посебен лот. Ваквите измени ги соопшти министерот за здравство Никола Тодоров, како нова мерка со која ќе се постигне поголема конкуренцијата и ќе се намалат цените на артиклите. „Со оваа мерка овозможуваме сериозно зголемување на конкуренцијата што би требало да доведе до намалување на цената на артиклите кои се набавуваат и овозможување што е можно поголем број компании да се вклучат во процесот на набавки во ЈЗУ. Конкуренцијата е здрава работа и очекуваме како резултат на конкуренцијата да платиме пониска цена за истите производи или да добиеме производи со повисок квалитет за иста или пониска цена“, појасни Тодоров. Според Тодоров, оваа мерка ќе се применува само за нови јавни набавки, додека тековните тендери кои се веќе потпишани ќе се реализираат онака како што се потпишани. Притоа, вели министерот, новата мерка им забранува на установите да набават артикли спротивно на овој принцип,  а  практиката за групирање на сродните артикли во еден лот, иако не е спротивна на законот, ќе мора да се напушти. „Исто така се забранува да се преземат артикли од друг оператор, како Заеднички служби или централна набавка на повеќе установи или дури и Министерството за здравство да набавува централно, доколку не се набавени според овој принцип. Еден артикл - еден лот“, изјави Тодоров. Покрај овој, се работи и на нов проект во здравството поточно за електронски систем за мониторинг при набавките во јавното здравство. Досега, додаде, во овој систем внесени се 158.590 различни артикли, вклучувајќи ги тука и лековите кои што претходно се веќе внесени во системот „Мој термин“.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение