Се затвора повикот за директор на Агенцијата за примена на јазикот на 20 отсто од граѓаните
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019
Денеска е последниот рок од јавниот повик за пријавување на кандидати за директор на новоформираната Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните. Повикот за прв човек на новоформираниот државен орган траеше пет дена, а го објави Владата. Посебни критериуми за избор не се нагласени, освен кандидатот да има завршен VII/1 степен образование.
Владина Агенција за примена на јазикот треба да ја врши имплементацијата на Законот за јазиците, а формирана е лани уште пред прогласувањето на Законот за употреба на јазиците годинава за службено објавен.
Агенцијата ќе биде финансирана од државниот буџет и за нејзина работа ќе бидат одвојувани по 1,7 милиони евра годишно. Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи ќе се вработат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори.
Освен тоа се предвидува и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.