27 Април, 2024
0.0295

Се зголеми забраната за движење, се зголемија и прекршоците

Објавено во: Македонија 29 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска е вториот ден од одлука за време на викендите да се воведе забрана за движење на целата територија на државата од 16:00 до 05:00 часот, со цел да се спречи ширење на корона вирусот. 

Улиците на Скопје се празни, а согласно одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, се прилагодија на новите ограничувања за движење и го завршија работниот процес  до 15:00 часот. 

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила. Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19. 

Полициските патроли го контролираат спроведувањето на полицискиот час, а доколку некој не ја почитува мерката согласно законот ќе биде казнет.

Вчера вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето во текот на изминатото деноноќие, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Како што соопшти МВР во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“