15 Декември, 2025
0.0336

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЈАЗОТ МЕЃУ БОГАТИТЕ И СИРОМАШНИТЕ: Парите на милијардерите растат

Објавено во: Финансии 20 Ноември, 2025 09:13

Добивај вести на Viber

Организацијата за развој Оксфам (Oxfam) соопшти дека продолжува да расте нееднаквоста помеѓу луѓето низ целиот свет.

- Милијардерите во земјите од Г20 го зголемиле своето богатство за 2,2 трилиони долари во текот на изминатата година. Таа сума би била доволна да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија, се наведува во денеска објавената анализа на Оксфам, објавена пред Самитот на Г20.

Според Оксфам, со 1,65 трилиони долари годишно може да се искорени сиромаштијата за 3,8 милијарди луѓе, кои моментално живеат под линијата на сиромаштија на Светската банка, со 8,30 долари дневно.

Оксфам тврди дека милијардерите во земјите од Г20 го зголемиле своето комбинирано богатство за 16,5 проценти за една година, од 13,4 трилиони долари на 15,6 трилиони долари.

Самитот на Г20 почнува на 22 ноември во Јоханесбург. Групата ги обединува најголемите индустриски земји и економиите во развој.

Оксфам ги повика лидерите на Г20 да се заложат за создавање меѓународно тело за справување со нееднаквоста и да ги унапредат напорите за оданочување на супербогатите.

Се очекува намалувањето на нееднаквоста да биде централна тема на Самитот на Г20. 


Можеби ќе ве интересира

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно