15 Мај, 2024
0.0385

СЕДНИЦА ЗАСЕГА НЕ Е ЗАКАЖАНА - ги решава ли уште ДУИ внатрешните немири

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Засега на веб страната на македонското Собрание не е закажана седница. 

„За денешниот ден нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“, ова се уште стои на веб страницата на законодавниот дом. 

Финалниот рок во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на новата влада е 2 септември. 

Веќе не е тајна дека новата владина коалиција имаше проблеми со обезбедување собраниско мнозинство, откако неколку ограноци на ДУИ изразија незадоволство од некои кадровски решенија на лидерот Али Ахмети.

Во саботата ДУИ го предложи Јетон Шаќири за министер за информатичко општество и администрација, а претходно лидерот на партијата Али Ахмети ги обелодени и имињата на останатите министри. Според таа објава, Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши за економија и Насер Нуредини за животна средина.

За ограноците на ДУИ од Чаир, Сарај и Куманово неприфатливо е на местото вицепремиер да биде Артан Груби, а не се задоволни и од решението Бујар Османи да остане во власта. Без гласовите на пратениците од овие ограноци, коалицијата СДСМ-ДУИ нема да има 61 глас во Собранието за изборот на новата влада. 

Според телевизијата Алсат М, пак, предлогот за новиот состав на владата најверојатно денеска требаше да биде доставен до Собранието. По поднесувањето на предлогот почнува да тече законскиот рок од 15 дена за гласање за нејзин избор, но, според телевизијата, очекувањата се дека изборот ќе се случи пред крајот на предвидениот рок.

Телевизијата јави и дека Бујар Османи ќе извиси од владина функција. Според телевизијата, тој повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ќе ја преземе Артан Груби, додека вицепремиерската функција му се предава на Изет Меџити.

Можеби ќе ве интересира

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место