19 Мај, 2024
0.0264

Седум држави најдобро се борат со пандемијата: Ги водат жени

Објавено во: Свет 14 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Германија, Финска, Исланд, Норвешка, Данска, Тајван, и Нов Зеланд, ова се седумте фржави кои полека ја победуваат епидемијата на коронавирусот. Поедини држави се соочуваат со неверојатни проблеми поради актуелната криза со Ковид-19. Но постојат исклучоци како што се седумте наброени држави кои успешно се справуваат со наметнатата ситуација. Заеничко нешто им е што имаат жени лидери.

Германија

Масовно тестирање и доволно медицинска опрела под водство на Ангела Меркел, смртните случаи во Германија се сведени на најниско ниво. Стапката на морталитет изнесува 1,6%. Неколку фактори се клучни, рано и масовно тестирање, и огромен капацитет на кревети на одделенијата за интензивна нега. Глава улога одигра канцеларката Меркел, која уште на почетокот истакна дека дури 70% од популацијата ќе се зарази, но нивна работа е пациентите да бидат излекувани.

Данска

Земјата ја води премиерката Мете Фредериксен и ова е прва земја во Европа која најави олабавување на одредени мерки на рестрикција. Таму се заразени само околу 6.000 луѓе, а починаа 285. Бројот на новозаразени не се зголемува драстично.

Финска

Младата премиерка, Сана Марин се смета најверојатно за една од најуспешните лидерки во Европа. Таа побара од популарните инфлуенсери да шират информации за корона вирусот на социјалните мрежи. Заразени се само 3.000, а починаа 59.

Норвешка

Ова е уште една скандинавска земја која води успешна борба со вирусот и која веќе најави делумно повлекување на поедини рестриктивни мерки. Ја предводи премиерката Ерна Солберг, и таму бројот на заразени е 6.600 пациенти, а починаа 134.

Исланд

Една од првите држави која предупреди на зголемување на бројот на заразени е токму Исланд, па под лидерство на премиерката Катрин Јакобсдотир почна насовно тестирање на сите граѓани на малата островска земја. Дури половина од позитивните случаи немале симптоми, што според експертите е клучно се истражување на коронавирусот. На Исланд заболеа 1.700 луѓе, а починаа 8.

Тајван

И покрај близината со Кина, Тајван, кеде што премиерка е Цаи Инг Вен успешно се бори со Ковид-19. Во оваа држава има околу 400 заболени и само шест починати луѓе.

Нов Зеланд

Премиерката Џасинда Арден во својата држава воведе рана блокада, како и самоизолација за сите кои пристигнаа на островот, а на странците им го забрани влезот и тоа уште кога беа регистрирани само неколку случаи. Во Нов Зеланд има 1.300 заболени, а починаа девет пациенти.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)