28 Март, 2024
0.0252

Седум највлијателни книги за бизнисот напишани некогаш

Објавено во: Стил 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќето успешни и богати луѓе обожаваат да читаат и одвојуваат време за тоа во секој ден. Сигурно сте слушнале дека Бил Гејтс на пример чита по 50 книги годишно, а Марк Закерберг се труди да чита по една на две недели.

Покрај уметничката литература, претприемачите сакаат да читаат и таква поврзана со кариерата, успехот, ефикасноста. Ви претставуваме седум од највлијателните книги за бизнис некогаш напишани.

"Интелигентниот инвеститор" - Бенџамин Греам

Греам се смета за најдобар инвестициски советник на XX век. Неговите филозофии и совети инспирирале многумина, меѓу кои и самиот Ворен Бафет, кој ја издвојува оваа книга како "најдобрата за инвестиции, напишана некогаш".

"Како да ги освоиме пријателите и да влијаеме на луѓето" - Дејл Карнеги

Класика, тестирана во времето. Безброј луѓе споделуваат кој и што им помогнало во патот кон кариерата, бизнисот, но и во приватниот живот. Книгата ќе ве научи на шест начини како да ги натерате луѓето да ве заскааат, дванаесет начини како да ги придобиете другите на своја страна, девет начини да ги промените луѓето, без да ги иритирате и др.

"Уметноста на војната" - Сун Цу

Макар и да е напишана пред неколку векови, книгата уште се користи за воени стратегии. Но и за бизнис. Многумина ги применувале тактиките на Сун Цу под некаква форма во корпоративниот свет.

"Емоционална интелигенција" - Даниел Голман

Со интересни примери Голман ги претставува петте најважни вештини кои се дел од емоционалната интелигенција, и покажува како тие го одредуваат успехот во врските, работата и дури како влијаат на нашата здравствена состојба.

"Мисли и збогати се" - Наполеон Хил

Авторот ги истражува животите на голем број милијардери, за да ја создаде филозофијата на животот на богатите. Книгата сепак може да биде користена за мотивација за секакви цели, не само финансиски.

"Седумте Навики на високо ефикасни луѓе" - Стивен Ковеј

Дело со навистина големо влијание. Инспирира за успех од 25 години и е често е наведено од извршни директори и бизнис шефови како нивна омилена книга.

"Црниот лебед" - Насим Талеб

Со терминот "црн лебед" се означува настан, позитивно или негативно, што се смета за неверојатно, но и покрај тоа предизвикува големи последици. Талеб покажува дека "црните лебеди" објаснуваат речиси сè во светот, иако многу од нас да остануваат слепи за многу нешта.

А вие дали би додале некоја книга на оваа листа? Споделете со нас во коментари.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи