Седумдесет и двегодишен Црногорец е пронајден мртов во куќа во Скопје
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021
Седумдесет и двегодишен Црногорец е пронајден мртов во куќа во Кисела Вода во Скопје.
Брзата помош вчера го пријавила случајот во полиција. Човекот немал документи за идентификација, а по кажување на соседите во куќата живеел подолг период.
По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.