15 Декември, 2025
0.1900

Сеизмолозите предупредуваат – можни се и нови силни потреси на Кефалонија

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2014 11:01

Добивај вести на Viber

Десетина повредени граѓани, разурнати домови - ова е сликата по новиот силен земјотрес кој утрово го погоди грчкиот остров Кефалонија. Целосно бил разурнат и кејот на пристанишното гратче Ликсури, а според градоначалникот на островот Александрос Парисис има сериозни материјални штети и полесно повредени. Земјотресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтер со епицентар на 12 километри северозападно од Кефалонија, соопшти атинскиот геофизички институт. Меѓутоа, американскиот Геофизички институт измери дека земјотресот бил со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала. Минатата недела, овој остров исто така беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер. Од тогаш, сеизмичката активност во регионот останува висока, а за една недела се регистрирани над сто потреси. Грчките сеизмолози не ја исклучуваат можноста од нов посилен земјотрес. Според Димитра Сачпаци од Институтот за геодинамика при грчката Национална сеиозмолошка опсерваторија, денешниот земјотрес имал ист епицентар како и претходните и не се изклучува можноста за реактивирање на сеизмолошкото жариште од 1953 година, кога катастрофален земјотрес го погоди овој остров.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството