Секој втор Европеец плаќа преку мобилен
Објавено во: Економија, Свет 08 Ноември, 2016
Секој втор Европеец плаќа со мобилен, покажува истражувањето на една од водечките технолошки компании за електронски плаќања.
Според извештајот 54% од испитаниците редовно ги користат своите телефони за плаќање на стоки и услуги. За споредба една година порано луѓето кои ги користат овие технологии биле 18%. Само пред една година 38% од анкетираните европски граѓани рекле дека никогаш не користеле мобилен уред за плаќање, додека оваа година тој удел паѓа на само 12%. Истражувањето е спроведено во периодот август - септември, меѓу повеќе од 36.000 лица во 19 земји од Европа.
За плаќање сметки телефонот го користат 53% од граѓаните на Европа. На второ место е купување на билет за автобус и воз, а на трето место е земањето на стока со висока вредност за празници, мебел и друго. Последните работи кои најчесто ги плаќаат преку телефон се храна за дома, музички цедеа, ТВ емисии и филмови.