DUNA CONCEPT STORE најавува повеќенеделни промоции со акциски цени
СЕКОЈА НЕДЕЛА – РАЗЛИЧНИ ИКУСТВА ПРИ КУПУВАЊЕТО
Објавено во: Мои пари 08 Април, 2017 11:00
“На ваков пристап за промоција и продажба се одлучивме заради интересот на нашите клиенти, а целта ни беше да воведеме нов дух и концепт во продажбата. Низ повеќенеделни промоции, на сите заинтересиран ќе им понудиме неверојатно пристапни цени и уживање во купувањето”, вели Филип Малинов, менаџер во Дуна.
DUNA Concept Store ја започнува пролетта со планирани неколкунеделни промотивни активности и со акциски цени на сите производи од портфолијата на партнерите на ДУНА. Салонот кој што се наоѓа во ГТЦ во Скопје, привлече многу внимание последниов месец, откако беше целосно освежен на почетокот на март годинава. Пред сѐ, интересот на купувачите се должи и на концептот и на мултибренд продажниот пристап, што овој продажен салон го прават уникатен не само во земјава, туку и воопшто во Регионот. Затоа што изложено во салонот, на пример, од софистицираните производи на Apple, до програмата на Ricoh; од мебелот, до осветлувањето - буквално сѐ е наменето за продажба. До средината на мај, сите производи во салонот ќе поминат низ акциска продажба, со исклучителни попусти.
“На ваков пристап за промоција и продажба се одлучивме првенствено заради интересот на нашите клиенти, а целта ни беше да воведеме нов дух и концепт во продажбата. Низ повеќенеделни промоции, на сите заинтересиран ќе им понудиме неверојатно пристапни цени и уживање при купувањето. Така што, покрај нашите долгогодишни партнери од највредниот светски бренд - Apple, ги позиционираме производите и услугите на многу други глобални брендови со кои соработуваме, како што се Garmin, Ricoh, Bang and Olufsen, а удобно ги сместивме и нашите партнери - Technogym, Illy, Lux, Specialized и останати. Заради олеснет пристап на клиентите, сегментите во салонот ги поделивме, во како што ние сакаме да ги наречеме - шест одделни соби. Прв фокус ни е собата или делот наречен – Канцеларија. Тука ги сместивме сите производи и услуги кои што се нопходни за една канцеларија: од компјутерски уреди, софтвери, уреди за печатење, па сѐ до удобните ергономски фотелји. Сите изложени производи тука се со промотивни цени”, вели Филип Малинов, менаџер во Дуна.
Водени од намерата да се задоволат потребите и интересите на секој посетител, како што велат од Дуна, салонот сликовито е поделен во шест соби. Appleсобата е создадена за љубителите на овој бренд каде што се нуди широка палета од овие производи. На Шанкот / Касата се наоѓаат машините за кафе на глобалниот бренд Illy, а до нив и добро познатите фискални уреди на Дуна. За сите љубители на добриот и софистициран звук, во еден агол е сместена Аудио собата, каде што се наоѓаат производи од интернационалните марки Sennheiser, Beats, Bang and Olufsen... Во Дневната соба се сместени паметните уреди за контрола на апаратите и другите функции во домаќинство, ТВ приемниците, како и премиум гарнитурите за седење, осветлувањето... Собата наречена Канцеларија, е дел во кој што се позиционира опрема наменета за збогатување на продуктивноста и на професионалноста на сите оние кои што би работеле во неа. Тука, во прво лице може да се тестира софтверот за малопродажба – Спинакер, како и софтверот за компании (ERP) – Ултима, потоа, мултифункциските печатари, системите за управување со уредите за печатење, копирање и скенирање, интерактивните табли и проектори, како и премиум ергономските канцелариски фoтелји. Во последниот дел е специјалнио подготвената соба за Спорт, каде што може да се тестира лентата за трчање и супериорната мултифункциска справа за вежбање од Technogym, како и премиум велосипедот – Specialized. Во овој дел се наоѓаат и мултифункциските спортски часовници, како Fenix 3 Saffire HR,Garmin Vivo Active и Garmin Vivo Smart.
Неделава што следува, од 03 до 09 април, промотивните активности во Duna Concept Store се посветени на делот Канцеларија, каде што се наоѓа сѐ што е неопходно за едно работно место, по акциски цени. За илустрација, еве само некои од производите: софтверот за малопродажба – Спинакер, чија што редовна цена е 6.200,00 денари, оваа акциска недела изнесува само 2.999,00 денари; Десктоп компјутерот Apple iMac 21.5″ i5 Dual-core 1.6GHz/8GB/1TB HDD/Intel HD Graphics 6000, со редовна цена од 73.047,62 денари, неделава ќе може да се купи за 64.666,67 денари; Интерактивни табли и проектори кои што се со редовна цена од 38.898,31 денари, се нмалени на 29.661,02 денари... Сите наведени цени се без вклучен ДДВ.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




