СЕКОЈА НОВА МУТАЦИЈА НА ВИРУСОТ Е ПОЛОША: Има индикации дека бразилскиот сој се појавил во Србија, предупредува д-р. Вукичевиќ
Објавено во: Балкан 13 Април, 2021 10:01
Директорката на ковид-болницата
во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека
бразилскиот сој на корона вирусот се појавил во Србија и дека британската
варијанта е сè уште најприсутна меѓу пациентите. Таа предупредува дека секој
нов сој на вирусот е многу полош од претходниот и во однос на преносливоста и во
однос на морталитетот и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Потенцира дека сè уште не може да дава оптимистички изјави во врска со пандемијата, бидејќи нема несто за опуштање.
-Има многу млади луѓе кои се на одделите за интензивна нега и се ставени на апарати за вештачко дишење, предупреди д-р. Вукичевиќ и посочи дека најчесто станува збор за пациенти кај кои е детектиран британскиот сој кој се карактеризира со висока преносливост, дава потешка клиничка слика, побрза хоспитализација и поголема смртност. Апелирам до јавноста да се вакцинира, дури и оние кои го надминале ковидот, по четири до шест недели, исто така, може да се вакцинираат, порачува д-р Вукичевиќ.
Таа посочи дека вакцинираните лица, кои исто така биле заразени со вирусот Корора, се опоравуваат во 99 проценти од случаите.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




