Селектор со ЕХФ Мастер диплома ќе работи со девојките на кампот на Кире Лазаров
Објавено во: Мои пари 28 Март, 2017 20:58
-Пред неколку дена од селекторската функција ги предводеше нашите најдобри ракометарки до 19 години, во историскиот пласман на Европско првенство во Словенија.
Тој е дипломкиран професор по физичка култура, одличен педагог, тренер со потврда за врвна ракометна надградба преку посета на сите три модули и стекнување на ЕХФ ПРО лиценца како и 24-годишно тренерско искуство со ракометар(к)и од сите категории. Пред неколку дена од селекторската функција ги предводеше нашите најдобри ракометарки до 19 години во историскиот пласман на Европско првенство во Словенија.

Ви го преставуваме битолчнецот Борче Марковски, кој седум дена ќе работи со девојките на кампот на капитенот овој јуни во Охрид. Тренерската кариера ја стартувал како помошник тренер, сега веќе далечната, 1993 година во тогаш силниот женски суперлигаш Пелистер ТАТ каде што после две години застанал чело на клубот како прв тренер. Во годините што следуваат покрај во двата битолски суперлигаши ЖРК и РК Пелистер работел и во нашите ракометни суперлигаши од Гевгелија, Ресен и Прилеп.
Од 2001-ва година на повеќе наврати е дел од нашите најдобри национални селекци, а како најдобар досегашен резултат е пласманот на нашите девојки до 19 години на ЕП во Словенија, по повеќегодишна апстиненција на една наша женска националан селекција од големите натпреварувања.
Од 1996-та година, обрнувајќи големо внимание на стручната едукација, посетува голем број на семинари и предавања на врвни европски тренери во организација на Европската ракометна федерација, за конечно во 2016-тата година и официјално да се стекне со највисока ЕХФ ПРО тренерска лиценца и да ја добие титулата ЕХФ Мастер тренер.
Тренерска кариера – тренер на повеќе суперлигашки клубови во Македонија:
- ЖРК Пелистер ТАТ – Битола,
- ЖРК Гевгелија – Гевгелија.
- РК Преспа – Ресен,
- РК Пелистер – Битола,
- РК Жито Прилеп – Прилеп.
Репрезентативна кариера – тренер на нашите национални селекции:
- Селектор на женска национална селекција до 19 години.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




