СЕМЕЈСТВОТО Е ВО АГОНИЈА: Чувствуваме како да ќе умреме, пет дена не знаеме каде ни е Данка
Објавено во: Балкан 31 Март, 2024 09:24
Семејството на исчезнатото девојче од Бор, Данка Илиќ е во агонија. Таа има само две години и исчезна во вторникот, по што полицијата трага по неа.
Истрагата сега се насочи кон испитување на родителите Милош и неговата сопруга Ивана. Се очекуваат и форензичките наоди од мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ, како и базните станици и камерите за видео надзор.
Некои од нив се дека можеби паднала во блискиот канал долг 4,5 километри, кој полицијата и пожарникарите го прегледаа, но се стравува и од киднапирање.
Нема одговор на прашањето кој би бил мотивот за можното киднапирање на двегодишното дете.
Дедо на двегодишното девојче вели дека веќе не знаат што да прават.
„Чувствуваме како да ќе умреме, пет дена не знаеме каде ни е Данка. Жена ми е болна од стрес, не знаеме веќе што да правиме“, вели дедото.
Потрагата по девојчето влегува во критична фаза. Српските медиуми претходно објавија дека мајката на Данка на денот на исчезнувањето бришела пораки и повици од мобилниот и тоа се покажало со вештачењето.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




