Добивај вести на Viber
Отштета од државата од 11 милиони денари бара семејството Јашари чие дете пред две години загина во во дворот на средното училиште “Здравко Цветковски“, бранејќи свој соученик, јави
Алсат М.
Вонсудското барање е упатено до Министерството за образование, Градот Скопје и општина Карпош, а адвокатот за Алсат М посочил дека сите три институции се согласни да преговараат за случајот на убиството на Мухамедали Јашари во училишен двор.
Сумата од 11 милиони денари, а адвокатот е реален и не ги пречекорува законските лимити. Ако барањето се одбие, тој најави дека постапката ќе продолжи во други инстанци.