Септември е клучен за решавање на косовското прашање
Објавено во: Балкан 07 Август, 2018
Пртетседателот на Србија, Александар Вучиќ смета дека септември ќе биде клучен месец во решавањето на прашањето за Косово и Метохија. Тој прво планира да ги посети Србите во Косово, а потоа да замине во Кина, па Њујорк, каде ќе го искаже својот став пред Обединетите Нации.
Според извори за „Блиц“, Вучиќ по планираната посета на Косово, ќе замине во Кина, каде покрај економските теми, ќе побара поддршка за решавањето на косовското рашање.
Веднаш по посетата на Кина, заминува за Њујорк, каде ќе престојува од 24 до 28 септември и каде покрај обраќањето во ОН, се очекува да оствари средба и со лица од Трамповата администрација. Тој се надева дека за промена, Американците ќе ги земат ставовите на Србите во предвид, при решавањето на проблемот со Косово и Метохија.