Серија од десет ласерски енуклеации на простата првпат направени во „Аџибадем Систина“
Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2023 12:37
Хируршката процедура холмиум ласерска енуклеација на простата е минимално инвазивен третман за зголемена простата. При оваа процедура, за да се отстрани ткивото од простатата што го блокира текот на урината низ мочниот канал (уретра), се употребуваат ласери со висока енергија. Потоа се употребуваат одделен инструмент и опрема за сечкање на ткивото на простатата (морселирање), во фрагменти лесни за отстранување. Со HoLep методата се отстранува целата простата што може да го блокира текот на урината, а оваа метода е и опција за оперирање и на екстремно зголемени простати. Ефектот е еднаков како и при отворена хирургија на простатата, но предноста е што не бара употреба на никакви резови. Со помош на оваа интервенција се обезбедува трајно решавање на зголемената простата – состојба позната како БПХ (бенигна простатна хиперплазија), а се обезбедуваат и зачувување на ткивото и можност од хистопатолошка анализа. Предностите се многубројни, а покрај тоа што се изведува ласерски и нема резови, обезбедува и побрзо закрепнување и ослободување од симптомите, споредено со која било досега позната оперативна процедура за отстранување на бенигна простата.
ЕДИНСТВЕНА БОЛНИЦА ШТО ЈА ПРАВИ ОВАА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА И РЕГИОНОТ
Првите десет процедури на ласерски енуклеации на простата, интервенција што во земјава и во регионот се изведува единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на Одделот за урологија, беа направени по соодветен период на тренинг на тимот и комплетирање на опремата, вклучително и едукации во еминентни тренинг-центри за докторите и медицинските сестри - инструментарки. Овие сложени интервенции беа изведени од страна на врвните специјалисти по урологија: д-р Зоран Крстаноски, проф. д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски.
CYBER HO - ЗЛАТЕН СТАНДАРД ЗА ИНТЕРВЕНЦИИ НА ЗГОЛЕМЕНА ПРОСТАТА
Cyber Ho е ласер со висока енергија кој нуди опција за успешно оперирање на простати со различна големина, затоа што ваквите ласери можат да изведуваат вапоризација – опција дизајнирана да елиминира повеќе ткиво во единица време, со истовремена контрола на крвавење. Исто така, со овој ласер се отстрануваат и зголемени простати со методата HoLep – новиот златен стандард за третман на бенигно зголемени простати. Овие две методи го подобруваат исходот во лекувањето на бенигното зголемување на простатата, го скратуваат оперативното време, го намалуваат степенот на компликации, го скратуваат престојот во болница и потребата од трансфузија на крв. Процедурите се особено корисни затоа што може да се употребат кај постари пациенти, без да ја прекинуваат антикoагулантната терапија.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




