Сериозен напредок во преговорите со Грција
Објавено во: Балкан, Економија 02 Јуни, 2015 12:39
Остварен е сериозен напредок во преговорите за грчката должничка криза, но уште има доста да се работи на тоа поле, изјави денес комесарот на ЕУ за економски и монетарни прашања Пјер Московиси.
„Преговорите почнаа да донесуваат резултати, но двете страни треба уште доста да се потрудат за конечен договор“, признал Московиси, додавајќи дека искрено сака Грција да остане во еврозоната.
Грчкиот министер за труд Панос Скурлетис денес порача дека Владата во Атина не може повеќе да прави отстапки во преговорите за реформи и дека меѓународните кредитори треба да преземат одговорност за својата улога за преговорите.
Грчката левичарска влада веќе со месеци преговара со кредиторите (ММФ, ЕУ и ЕЦБ) во обид да ја „одмрзнат“ последната транша помош вредна 7,2 милијарди евра.
Преговорите застанаа околку намалувањата на пензиите, реформите на пазарот на труд, фискалната политика и зголемувањето на данокот на додатна вредност, која ја бараат кредиторите, а кои Владата на Ципрас не сака да ги спроведе.
Шефицата на ММФ Кристин Легард и претседателот на ЕЦБ Марио Драги, синоќа неочекувано им се придружиле на состанокот на лидерите на Франција и Германија, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер во Берлин на тема грчка криза.
Притисокот на Грција да постигне договор со кредиторите е интензивиран бидејќи овој месец треба да врати четири рати од долгот на ММФ во вредност од 1,6 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




