„Северен поток 2“ ги намалува шансите за реализација на „Турски поток“
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 10:54
Проширувањето на „Северен поток“ ги намалува шансите за реализација на „Турски поток“, смета директорот на француската асоцијација „OME“ Сохбет Карпуз. За азиското онлајн издание „Trend“ тој наведува уште и дека во однос на „Турски поток“ нејасни остануваат роковите на реализација и обемот на снабдување и ги обвинува за тоа двојните стандарди на Европската унија.
Сепак од „Газпром“ на оваа фаза коментираат дека двата проекта не си противречат.
Карпуз сепак наведува и затегнување на односите помеѓу Анкара и Москва во последните недели, што го претвора „Турски поток“ од енергетски во политички проект, кој исто така ја отежнува неговата реализација.
Од изданието потсетуваат на изјавите на „Газпром“ дека причината за доцнењето на „Турски поток“ е политичката нестабилност во Турција и одржувањето на изборите, закажани за 1 ноември, двете страни ќе се вратат на масата за преговорите за проектот.
Извори на „Trend“ сепак посочуваат дека тоа нема да се случи. Причината се тензиите околу доаѓањето на руски авиони во воздушниот простор на Турција.
Пред неколку дена турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган навестил за таква позиција на Анкара. За новинарите за време на патување кон Јапонија, тој коментирал дека може да се дојде до ревидирање на односите со Русија во однос на снабдувањето со природен гас.
„Турски поток“ е проектот кој треба да го замени „Јужен поток“ за гасната карта на Европа. Првичните планови предвидуваа по него да бидат транзитирани 63 милијарди кубни метри гас годишно. Едната цевка - со капацитет од 15,7 милијарди кубни метри гас, треба да ги напојува турските корисници, а останатите - европските клиенти на „Гаспром“.
Во последните недели сепак се проговара за реализација на проектот на „половина“. Од „Гаспром“ веќе коментираат дека економска корист од проектот ќе има во изградбата на најмалку две цевки.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




