06 Декември, 2025
0.0871

Северина испеа стари македонски песни и хит од Тоше

Објавено во: Стил 28 Јули, 2018 21:21

Добивај вести на Viber

Северина е вистинска кралица на шоу-бизнисот. Хрватската поп-ѕвезда тоа го докажа уште еднаш, сношти на концертот во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“. 

Секоја можна песна и е хит, публиката и ги знае сите наизуст, без оглед дали е новата „Туторијал“, „Тридесете“ или некоја од постарите, како „Пријатељице“ или „Девојка са села“. Меѓу своите хитови низ кои протнува духовити коментари и кокетно врти со колковите, Севе во својот репертоар вметна и македонски народни песни. Свирејќи ги „Македонско девојче“, „Битола мој роден крај“ и „Јовано Јованке“ беше начин да се претстави нејзиниот бенд, „гласи дел од коментарот на Женски магазин“.

Сосема  неочекувано, таа ја најави „Игри без граници“ и му ја посвети на Тоше Проески. „Се познававме, но не бевме толку добри пријатели“, беше искрена Северина. „Погледнете во небото и Тоше ќе знае дека сме со него“, додаде таа. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: