20 Декември, 2025
0.1097

Северна Кореја нишани кон Токио, воениот конфликт ќе ја уништи светската економија

Објавено во: Свет 12 Април, 2013 21:39

Добивај вести на Viber

По заканите за напад врз САД и Јужна Кореја,  Северна Кореја најави дека Токио е првиот град кој ќе биде нападнат поради непријателскиот став на Јапонија. Барем ваков е заклучокот од новото видео во кое се осудува јапонската одлука според која треба да се уништат сите ракети кои што би биле лансирани кон Јапонија. Претходно Јапонија како одбрамбена мерка го распореди својот противракетен систем „Патриот“, и испрати разорувачи во Источното море. Северна Кореја нема технологија за лансирање ракети со нуклеарно полнење? Според тврдењата од Белата куќа, Северна Кореја не докажала дека има технологија за да лансира ракети со нуклеарно полнење. Сепак, посочи портпаролот Џеј Карни, и покрај тоа САД преземаат мерки на претпазливост. Американскиот претседател Барак Обама по состанокот во Белата Куќа со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара од Северна Кореја да ја прекине воинствената реторика. „Двајцата се согласивме дека сега е време Северна Кореја да го прекине воинствениот пристап и да се обиде да ги намали тензиите. Никој не сака да види конфликт на Корејскиот Полустров.“. реше Обама. И Москва повика на воздржаност Рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Маргулов денеска се сретна со севернокорејскиот амбасадор во Москва. Тој апелираше да се воздржат од акции, кои би можеле да доведат до понатамошна ескалација на тензиите на Корејскиот Полуостров. „До севернокорејската страна беше упатен апел да се воздржи од акции кои можат да доведат до ескалација на тензиите, да гарантира безусловна примена на резолуциите на Обединетите нации и да се врати на формата за политичко-дипломатско решение на нуклеарните и другите проблеми на Корејскиот Полуостров“, се наведува во соопштението на руското МНР. Претходно и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Швајцарија изјави дека Русија го поздравува одржувањето на нова рунда преговори во Женева за севернокорејската нуклеарна програма доколку се согласат сите заинтересирани страни. Лавров на средбата в о Женева со швајцарскиот министер за надворешни работи Дидие Бурјхалтер рече дека Москва ги поддржува преговорите ако Пјонгјанг се согласи на разговори со Русија, Јапонија, Јужна Кореја, САД и Кина. Лавров посочи дека таков договор засега не постои. Притоа Швајцарија се понуди да се обиде да ја ублажи кризата на Корејскиот Полуостров така што би посредувала меѓу САД и Северна Кореја. Избивањето на војна ќе биде погубно за економијата Аналитичарите во повеќе наврати предупредија дека воениот конфликт, освен голем број на жртви и колапс на силната јужнокорејска економија, ќе биде и голем удар за економиите на Јапонија и Кина, бидејќи тие ќе треба да преземат дополнителни мерки за заштита. Војната исто така ќе значи и ново оптоварување за буџетот на САД кој веќе има најголем дефицит во историјата, а во едно вакво сценарио не е исклучена опасноста од банкрот на најголемата светска економија. Покрај поразните ефекти врз двете Кореи, САД, Јапонија и Кина,  идниот воен конфликт ќе предизвика тежок економски бран, како за економиите на Источна Азија, така и во целиот свет, предупредуваат аналитичарите.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја