СЕВЕРНА КОРЕЈА СО ЗАКАНИ ДО ТРАМП: „Тоа што го направи е неопростливо“
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Северна Кореја соопшти дека американскиот ракетен напад изведен во петокот на сириската воена база претставува „неопростлив акт на агресија“ кој покажал дека одлуката на Пјонгјанг да развива нуклеарно оружје „по милионити пат бил вистински избор“.
Одговорот на севернокорејското Министерство за надворешни работи, кој го пренее официјалната новинска агенција KCNA, е прва реакција на Пјонгјанг откако американските воени бродови во Средоземното море испалија над 50 ракети на сириската воздухопловна база за која Пентагон тврди дека била вмешана во напад со хемиско оружје оваа недела.
Дипломатски изолираната Северна Кореја ја смета Сирија за клучен сојузник.
Нападот на сириската воена база, изведен во петокот по налог на американскиот претседател Доналд Трамп, претходно го критикуваа Русија и Иран.