26 Април, 2024
0.0310

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОБИ „ПРАТЕНИЧКА ВИЗА“: Има ли мнозинство за сите уставни измени?

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

67 гласа за, четири воздржани и 23 пратеници против нацртот на амандманите на Уставот-ваков беше исходот кој на втората фаза од уставните амандмани му даде виза на името Северна Македонија.

Пленарната седница се одржа во саботата . 

Првиот амандман на Основниот закон предвидува името „Република Македонија“ да биде заменето со „Република Северна Македонија“ во текстот. Наместо „Македонија“, членовите на Уставот ќе ја користат "Северна Македонија", со исклучок на член 36, кој има историски аспект и се однесува на „Специјалните социјални права на борците на антифашистичката војна и на сите македонско ослободителни војни“.

Вториот амандман се однесува на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, така што зборовите "одлуки на Антифашистичкото народно собрание на Македонија" се заменуваат со зборовите: "Прогласување на Првата седница на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Македонија" и Охридскиот рамковен договор .

Третата измена гласи дека "Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави", а четвртата се однесува на граѓаните кои живеат во странство, и предвидува дека "Републиката ги штити правата и интересите на своите граѓани кои живеат или престојуваат во странство , и ги промовира нивните врски со татковината, но нема да се меша во суверените права на други држави и нивните внатрешни работи". Втората фаза од уставните измени треба да заврши до 18 декември, а целокупната работа на основниот закон до средината на јануари.

По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, подносителот на измените, Владата треба да организира јавно сослушување во текот на три дена, по што има два дена да подготви извештај и да го достави на пратениците. Потоа претседателот на Парламентот, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже седница за да се финализираат промените што како во првата фаза, бараат двотретинско мнозинство. Ова гласање ќе ја прекине постапката за уставни измени што произлегуваат од Преспанскиот договор. На 19 октомври парламентот, со 80 гласа против и 39 против, ја започна постапката за измена на уставот. Две третини од мнозинството беше осигурано со осум гласа на пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката